Тимот на Хотел Тино и Спа од Охрид присуствуваше на туристичкиот саем во Белград со цел да го промовира неговиот атрактивен туристички потенцијал. Саемот беше одлична можност за нас да ја претставиме понудата на Хотел Тино и Спа, а со тоа и на Охрид како туристичка дестинација.
Со состаноци и информативни печатени материјали што ги дистрибуиравме до посетителите и учесниците, ги запознавме одблизу со нашата локација и убавините на Охридското Езеро и регионот. Присутните имаа можност да дознаат повеќе за нашите соби, нашиот ресторан, спа-центар и разните активности што ги подготвуваме за нашите гости. Со задоволство ја споделуваме убавината на Охрид и ги покануваме сите што сакаат да го доживеат градот на 365 цркви на нивната следна дестинација.
По саемот во Белград, продолжуваме кон најголемиот туристички саем ITB што ќе се одржи во Берлин, каде од 5 до 7 март ќе го претставиме нашиот хотел и Охрид на штанд.



